Connect with us

ПСЖ му порача на Икарди да си бара нов клуб

Аргентинскиот интернационалец Мауро Икарди нема иднина во Пари Сен Жермен. Клубот му порачал на напаѓачот дека на лето ќе биде ставен на трансфер – листа.


Икарди не добива голема минутажа во дресот на „светците“, а се надеваше дека работите би можеле да се променат со доаѓањето на Маурисио Покетино. Сепак, многу веројатно е дека тој ќе мора да замине во летниот преоден рок, а најавите се дека повторно ќе се врати во Италија.


Рома е заинтересирана за Икарди кој би требало да биде наследник на Един Џеко, но во игра се и Милан и Јувентус кои исто така се во потрага по напаѓачи.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови