Connect with us

ПСЖ му понудил раководна позиција на Паоло Малдини

Легендата на Милан, Паoло Малдини, добил понуда за позиција во раководството на Пари Сен Жермен. Поранешниот елитен дефанзивец беше технички директор на „росонерите“ и беше една од клучните фигури во градењето на тимот кој ја освои титулата во Серија А во сезоната 2021/22, но несогласувањата доведоа до негово заминување ова лето.


Малдини има понуда и од Италијанската фудбалска федерација да стане дел од штабот на националниот тим, но сѐ уште е на одмор и не донел конечна одлука за својата иднина.


Во моментов трансферната политика на парижаните главно ја води Луис Кампос кој минатото лето пристигна на „Паркот на принцовите“ кога го замени Леонардо.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови