Connect with us

ПСЖ ќе го купи Влаховиќ како замена за Мбапе

Францускиот гигант Пари Сен Жермен има план Душан Влаховиќ да го замени Килијан Мбапе, кој е пред заминување од „Паркот на принцовите“. Јасно е дека „светците“ ги сакаат Ерлинг Халанд и Роберт Левандовски, но спортскиот директор Леонардо се повеќе ги следи игрите на српскиот интернационалец во дресот на Фиорентина и во националниот тим. Влаховиќ игра одлично и дава голови, а ПСЖ би можел и многу полесно да дојде до неговиот потпис.


Фиорентина одби 60 милиони евра, плус бонуси, ова лето за Влаховиќ од Атлетико Мадрид, но во летниот преоден рок ќе мора да го продаде со оглед дека тој одбива да потпише нов договор, а актуелниот му истекува во 2023 година.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови