Connect with us

ПСЖ блиску до договор со Маркус Турам

Францускиот шампион Пари Сен Жермен стапил во контакт со напаѓачот на Борусија Менхенгладбах, Маркус Турам, кој е на крајот од договорот и покажал интерес за проектот на парижаните, пишува весникот „Л’Екип“. Од друга страна, медиумиот објави дека Кристоф Галтие веќе нема да ја извршува тренерската функција.


Спортскиот директор Луис Кампос во личноста на 25-годишниот Турам гледа добра опција за нов напаѓач кој може да пополни дел од сложувалката на ПСЖ за новата сезона. Синот на легендата Лилијан Турам побара време да ја донесе одлуката, но даде индикации дека е блиску до враќање во Франција.


Во јануари, Маркус Турам отфрли мултимилионска понуда од Челси, а исто така ги одби и Интер и Атлетико Мадрид. Неговиот пријател Килијан Мбапе исто така го убедил да се пресели во ПСЖ и тоа може да биде пресудно за неговиот избор.


Маркус Турам сезонава за Борусија Менхенгладбах има 32 настапи и 16 гола во сите натпреварувања.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови