Томас Тухел ќе мора да состави тим на Пари Сен Жермен без Нејмар, но и без Килијан Мбапе. Дури петмина играчи на „светците“ ќе го пропуштат утрешниот меч од Лигата на шампионите против Лајпциг, објави клубот од Париз.
Напаѓачот Килијан Мбапе кој беше заменет во последниот меч од францускиот шампионат против Нант, има повреда на бутниот мускул и не отпатува со тимот во Германија.
Нејмар ќе се врати на терените по репрезентативната пауза, а надвор од составот се и Марко Верати и Џулијан Дракслер. Крајно неизвесен е и настапот на Мауро Икарди.
Advertisement
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski
Advertisement
Advertisement