Фудбалската репрезентација на Македонија денеска (18 часот) во Анталија ќе го одигра вториот пријателски натпревар, а противник против селекцијата на Црна Гора.
Новиот селектор на Црогорците, Роберт Просинечки, пред натпреварот со Македонија најави дека ќе промени голем дел од составот што играше на првиот меч против Белорусија, но и потенцираше дека нашиот национален тим не одиграл најдобро на мечот против Молдавија.
„Ќе стартуваме со сосема поинаков тим во однос на мечот со Белорусија, ќе има дури 10 измени и во стартниот тим ќе остане само Јоветиќ, кому ќе му дадеме минутажа затоа што ја нема во Олимпијакос. Сега нѐ очекува малку посилен противник. Го гледавме натпреварот на Македонија, не изгледаа добро. Сигурно сега ќе бидат и помотивирани против нас, ќе сакаат да победат и да го подобрат впечатокот. Имаат голем индивидуален квалитет, нивните играчи прават разлика во добри клубови. Нема да биде воопшто лесен натпревар“, изјави Роберт Просинечки пред денешната средба со Македонија.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski