Connect with us

Прекин на преговорите меѓу Барса и Дембеле

Разговорите меѓу Барселона и Oсман Дембеле за неговиот можен нов договор се прекинати, тврди каталонски „Спорт“. Напаѓачот е врзан за клубот само уште една сезона, а има откупна клаузула од 50 милиони евра, што е скромна сума за неговите квалитети.


Барса поради тешката финансиска состојба не може да понуди зголемување на платата на Дембеле.

Ова, очекувано, не е добро прифатено од агентите на играчот, поради што процесот за обновување на договорот засега е во мирување.

Доколку не се најде решение, можно е Дембеле да се најде на трансфер – листата на лето.

Дополнително, со желбата на Барса да го врати Лионел Меси, голема е веројатноста да бидат продадени и други водечки играчи на каталонскиот гигант.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови