Connect with us

Потер: Среќен сум што се вративме во победнички ритам

Челси го доби лондонското дерби против Кристал Палас со 1-0 и го прекина постот во Премиер – лигата. Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Каи Хаверц во 64. минута. Успехот беше прв за „сините“ во англискиот шампионат од почетокот на календарската година.


По натпреварот, менаџерот на Челси, Греам Потер, ја истакна важноста на успехот и растот на тимот.

„Среќен сум за трите бода. Севкупно, одигравме добро, Кристал Палас исто така имаше свои шанси, но победата е сепак наша – освоивме три вредни бода против тим кој исто така се обиде да притисне. Се трудиме да играме добро и мислам дека понекогаш навистина го правиме тоа“, изјави Потер за „Би-Би-Си“.

Челси сега има цела недела да се подготви за следниот натпревар на гостувањето кај Ливерпул. Натпреварот се игра на „Енфилд“ на 21 јануари (сабота), а со евентуален успех „сините“ би можеле да се вратат и во битката за европските позиции.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови