
Маурисио Покетино прогнозира дека во блиска иднина САД може да доминира во фудбалот и дека претседателот Доналд Трамп ќе врши притисок врз тимот на Светското првенство следната година. Селекторот на машката репрезентација на САД верува дека е само прашање на време оваа селекција да се искачи на врвот на најпопуларниот спорт во светот.
„Мислам дека можеме да доминираме во фудбалот, можеби за 10 или 15 години, или дури и порано – за 5, 6 или 7 години. Потенцијалот е огромен. По пет или десет години, сигурно можеме да бидеме број 1 во светот“, изјави Покетино за англиските медиуми.
Тој ја презеде селекторската функција во септември минатата година, наследувајќи го Грег Берлтер, и ќе го води тимот на Светското првенство во 2026 година, кое САД го организира заедно со Канада и Мексико.
53-годишниот Аргентинец не тврди дека неговиот тим може да ја освои титулата следната година, но смета дека со Трамп како претседател, од репрезентацијата ќе се очекува многу.
„Ќе има голем притисок врз нас бидејќи сме домаќини. Во спортот, како и во сè друго каде што се вклучени Американците, тие сакаат да победуваат. Играчите знаат дека тоа ќе биде огромен товар. Претседателот Трамп сака да внесува притисок, но тоа е добредојдено. Тоа значи дека ќе го почувствуваме адреналинот што треба да го почувствуваме. Ние сме подготвени за тоа“, додаде Покетино.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг „украде“ бод од Кратово, а Шкендија, Струга ТЛ и Работнички...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Горазд Михаилов (Беса)
Беса го направи најголемото изненадување во 23.коло од Првата фудбалска лига. Не е лесно...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Бетис сака да го задржи Ентони и следната сезона

Млади репрезентации
Македонија У17 ремизираше против Шкотска
