Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година денеска го имаше првиот собир за квалификациските натпревари на домашен терен против Шведска и Полска, кои ќе се играат во Битола.
Селекторот Горан Станиќ прозиваше во хотелот „Парк“ во Скопје, а тимот потоа замина за Охрид, каде што ќе се извршат главните подготовки за двата дуела.
Првиот меч ќе се одигра на 13 ноември против Шведска, а пет дена подоцна пристигнува Полска. Тоа ќе бидат сериозни предизвици за младиот национален состав до 21 година.
Двата натпревари ќе се играат на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола.
Голмани: Васко Василев (Работнички), Љупче Џеков (Силекс), Славе Вргов (А.П. Брера);
Одбрана: Давид Даилоски (Венло, Холандија), Андрија Димески (Вождовац, Србија), Анес Мелиќи (Шкендија), Ѓорге Џеков (Силекс), Реџеп Мурати (Башкими), Меметриза Хамза (Струга Трим Љум), Џезаир Авдули (Арсими);
Среден ред: Матеј Ангелов (Работнички), Шабан Зенку (Струга Трим Љум), Адриан Зенделовски (Олимпик, Шведска), Матео Софијаноски (Македонија Ѓ.П.), Мартин Ѓоргиевски (Збројовка Брно, Чешка), Матеј Гаштаров (Црвена звезда, Србија);
Напад: Михаил Талевски (Вардар), Димитар Данев (Вардар), Кире Стојанов (А.П. Брера), Мухамед Елмас (Македонија Ѓ.П.), Дашмир Елези (Работнички), Димитар Трајков (Работнички);
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













