Бока jуниорс го совлада најголемиот ривал Ривер Плејт со 2-0 во аргентинското дерби „Суперкласико“, одиграно во рамките на 15. коло од Клаусура.
Херој на победата беше детето на клубот, Езекиел Себаљос, кој одигра извонреден натпревар, постигна гол и запиша асистенција во триумфот над големиот ривал, кој продолжува со лошите настапи во последниот период.
Бока поведе во судиското продолжение на првото полувреме, кога дефанзивецот Ертон Коста испрати долга топка кон напаѓачот Милтон Хименес. Иако тој не успеа да ја контролира, топката заврши кај Себаљос, кој прво го натера голманот Армани да интервенира, но од вториот обид погоди за 1-0, предизвикувајќи ерупција на „Бомбоњера“.
Себаљос го продолжи своето блескаво издание и во вториот дел. Во 47. минута со брз продор по левата страна му асистираше на Мигел Мерентиел, кој без поголема мака ја испрати топката во празната мрежа за конечни 2-0.
EL CHANGUITO ZEBALLOS ES DIOS
— Termo de Palermo (@palertermo) November 9, 2025
GOL DE LA BESTIA MERENTIEL pic.twitter.com/qlXlUxMeDJ
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Арачиново е хит на досегашниот тек од првенството, а нанижа уште една победа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Диего Контрерас (Арсими)
Шкендија имаше идеален старт на сезоната, но се чини дека и лидерот влезе во...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Роналдо и Ал-Наср посрамени во Абу Даби (ВИДЕО)
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Евро-фудбал
Интер без Чалханоглу на дербито со Рома?
Евро-фудбал
Ајакс доби засилување од Премиер – лигата
Евро-фудбал
Бетис на гости го победи Вилјареал (ВИДЕО)













