Вардар се наоѓа на првото место на табелата во Првата македонска лига во пресрет на оваа репрезентативна пауза, но тоа не значи и дека тренерот Гоце Седлоски и раководството на клубот „мирно“ ќе спијат. Причината за ова е повредата на еден од најдобрите играчи во тимот, офанзивецот Роџерс Мато.
Мато заработил посериозна повреда на вчерашниот натпревар против Тиквеш. Тој се здобил со фрактура на коска на стапалото и го очекува пауза од околу 4 до 6 недели.
Ова претставува сериозен удар за Вардар, со оглед дека Мато нема да може да помогне и по завршувањето на репрезентативната пауза, веројато до крајот на есенската полуетапа.
Фото: Игор Паневски/ФФМ
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













