Шкендија и Силекс остварија убедливи победи во 13.коло од Првата фудбалска лига. Шкендија со 7-2 славеше против Македонија ЃП, која пристигна на овој меч со младински состав.
Силекс со 5-1 го совлада тимот на Шкупи.
Во Тетово вистинска голеада. Мазари го отвори резултатот во осмата минута со удар од дистанца кој Јовчев не успеа да го одбрани, а осум минути подоцна по асистенција од Рамадани зголеми на 2-0. Гостите намалија во 19. минута преку Етеми, кој ја искористи грешката на домашната одбрана.
Во 25. минута Шкендија не искористи пенал – Јовчев го одбрани ударот на Фитон Адеми, но во 30. минута Ибраими асистираше до Мелиќи, кој од свртување погоди за 3-1.
Мазари во 67. минута зголеми на 4-1, а шест минути подоцна Фитон Адеми со убав волеј погоди за 5:1. Белица во 80. минута со удар со глава донесе 6-1, а само три минути подоцна Латифи ја заокружи серијата со седми гол. Македонија ЃП преку Омер Сулејмани во 89. минута само го ублажи поразот за конечни 7-2.
Силекс немаше проблеми да го победи убедливо Шкупи во Кратово. Алиќ и Мирчевски беа двојни стрелци, погоди и Мигел Пиреш, а единствениот гол за Шкупи беше дело на Луис Рибеиро.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Се најде јунак да ја победи Шкендија. По пет кола со максимален ефект, лидерот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Н’фанли Сила (Тиквеш)
Шкендија делуваше непобедливо во првите пет кола, но потоа дојде дуелот со Тиквеш и...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Марсело Гаљардо е нов селектор на Еквадор
Евро-фудбал
Стефано Пиоли ќе биде нов тренер на Трабзонспор?
Евро-фудбал
„Кралевите“ ја наполнија мрежата на Рајо (ВИДЕО)













