Трагична вест пристигнува од Кина. Почина Џио Жиаксуан, 18-годишен фудбалер на кинескиот клуб Пекинг Гуан, кој беше дел од проектот Светска екипа на Баерн Минхен. Пред еден месец, Жиаксуан претрпел тешка несреќа за време на тренинг-меч во Шпанија. Ударот со колено во глава на натпреварот против Алкобендас, клуб од седмата шпанска лига, довел до мозочна смрт. Денес, тој почина.
Баерн Минхен ја потврди веста и објави:
„Баерн Минхен тажно известува за Џио Жиаксуан, поранешниот играч на Светската екипа на Баерн, кој почина во возраст од 18 години во својата родна Кина. Тој подлегна на последиците од тешката повреда на главата после трагичниот инцидент за време на пријателски натпревар во Шпанија на 6 февруари. Мислите на клубот се со неговото семејство и пријателите“.
Жиаксуан беше дел од проектот на Баерн Минхен за поддршка на таленти од целиот свет, кој им помага на младите играчи да ја започнат својата кариера во професионалниот фудбал. Беше единствениот играч од Кина избран за проектот во 2023 година и истата година беше дел од кинеската репрезентација за играчи до 17 години.
Трагичната повреда се случила по судирот со друг играч, што довело до субарахноидно крварење. Братот на Жиаксуан во февруари објави на кинеската социјална мрежа Сјаохонгшу дека шансите за негово преживување се многу мали и дека бил клинички мртов поради недостиг на кислород во мозокот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул го купува Бастони за 100 милиони евра
Евро-фудбал
Роналдо: Ќе се пензионирам за година или две
Млади репрезентации
Трајков: Имаме потенцијал и верувам дека ќе освоиме нови бодови
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Конте: Не сакам да водам „мртов тим“
Евро-фудбал
Атлетико Мадрид има нови сопственици













