Второлигашот Победа се реорганизираше и најавува многу подобра сезона во новиот шампионат во Втората лига Исток. Прилепчани се вратија на стадионот „Гоце Делчев“, а се засилија со неколку фудбалери кои треба да го подигнат квалитетот на ростерот на тренерот Дарко Крстески.
Одбраната ќе биде посилна за повратникот Даниел Карчески кој по две сезони во Силекс одлучи да се врати во дресот на Победа. Ангажиран е и Христијан Кукески, кој долги години го носеше дресот на 11 Октомври, а минатата сезона беше дел од Слога Виница.
Победа има амбиции за висок пласман во Втората лига Исток и се очекува повторно да игра важна улога во македонскиот фудбал.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski