Connect with us

Пиоли: Среќен сум дека Милан расте, лани не бевме ниту во осминафиналето

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли го коментираше пласманот на италијанскиот тим во четвртфиналето во Лигата на шампионите по ремито без голови со Тотенхем на реваншот во Лондон. Тренерот на „росонерите“ сподели дека е среќен поради растот на тимот во сите сегменти.


„Покажавме одличен дух. Дури мислам дека можевме да постигнеме гол. Милан мора да оди чекор по чекор. Најважно беше да ја прескокнеме групната фаза и да се пласираме во осминафиналето, што не ни успеа лани. Сега ја чекаме ждрепката, а во меѓувреме повторно ќе ги насочиме сите сили во шампионатот“, изјави Пиоли по крајот на мечот со Тотенхем.

Милан сега ќе има време да се фокусира на домашната сцена пред новата европска битка.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови