Connect with us

Пике се пожалил на минутажата, а Чави му одговорил – „отсега ќе играш уште помалку“

Жерар Пике оваа сезона целосно падна во втор план, а изгледа дека ќе игра уште помалку во остатокот од сезоната.


Каталонските медиуми откриваат дека Пике во соблекувалната се пожалил дека не игра колку што заслужува и дека е незадоволен од минутажата, а Чави ги слушнал тие зборови и наводно му рекол „сега ќе играш уште помалку“.

Наводно, другата страна на приказната е дека Барса сака да го натера Пике да се пензионира на крајот на оваа сезона, бидејќи тој самиот вети дека ќе се повлече во моментот кога ќе стане резерва и кога ќе има подобри играчи во тимот.

Во моментов сите четворица стопери играат одлично, Роналд Араухо, Ерик Гарсија, Андреас Кристенсен и Жил Кунде, кој игра и десен бек, а за Пике нема место ниту од клупата.

Доколку Пике се пензионира, тоа ќе биде огромно олеснување за буџетот на Барса. Платата на Пике се зголемува во оваа и следната сезона, по што му истекува договорот, но доколку се пензионира, ќе му заштеди на клубот огромна сума пари.

Пике оваа сезона на теренот мина само 135 минути од можни 630 и сигурно е дека по паузата ќе игра уште помалку…

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови