Connect with us

Перишиќ изнесен на носилки од „Џузепе Меаца“

Иван Перишиќ се повреди на натпреварот од последното коло во Серија А. Интер се надеваше дека ќе ја надополни негативата од два бода во однос на Милан и славеше против Сампдорија со 3-0, но со истиот резултат Милан победи на гостувањето кај Сасуоло и со тоа стигна до првата титула во италијанскиот шампионат по 11 сезони.


Хрватскиот репрезентативец нема да ја памети вечерта по добро.

Перишиќ беше стрелец на првиот гол за екипата на Интер, но во 59. минута мораше на носилки да го напушти теренот. Според првите информации кои пристигнуваат од Италија се работи за повреда на лигаментите на десното колено.

Оваа вест е особено лоша за Перишиќ бидејќи на крајот од сезоната е слободен агент.

Италијанските медиуми пишуваат дека Интер може да му понуди продолжување на соработката, но тој исто така е интерсен за Јувентус, Челси и за Тотенхем.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови