Connect with us

„Пеколен“ пречек за Осман Дембеле во Барселона (ВИДЕО)

Oсман Дембеле беше пречекан со свирежи и навреди при пристигнувањето на ПСЖ во Барселона. Двата тима вечерва ќе го играат реванш натпреварот од четвртфиналето во Лигата на шампионите, откако првиот натпревар во Париз заврши со победа на Каталонците од 3-2.


Навивачите на Барселона се собраа пред хотелот во кој престојуваше тимот на ПСЖ во каталонската престолнина. Како што е познато, 26-годишниот крилен напаѓач минатото лето замина во Париз.

Токму Дембеле беше стрелец на еден од головите за ПСЖ на првиот натпревар, а не пропушти да го прослави и голот против неговиот поранешен тим. Ова очигледно не остана незабележано од навивачите на Барселона, а некои од нив го пресретнаа со навреди и свирежи.

Дембеле имаше облечено качулка и очигледно не обрнуваше внимание на извиците кон него.

Интересно, големата ѕвезда на парижаните, Килијан Мбапе, беше пречекан со овации, иако многу брзо се очекува да го објави својот трансфер во големиот ривал на Каталонците, Реал Мадрид.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови