Connect with us

Партизан доби суспензија од ФИФА

ФИФА го суспендираше српскиот клуб Партизан со забрана за регистрација на нови играчи до 2024 година, објави „Спорт Клуб“. Причина за тоа се неплатените долгови кон швајцарскиот клуб Лугано при трансферот на фудбалерот Филип Холендер.


Партизан имал обврска до март да го подмири заостанатиот долг. Парите не биле уплатени на сметката на Лугано и швајцарскиот клуб се обратил до ФИФА. Светската куќа на фудбалот не чекаше долго – го суспендира Партизан до подмирување на обврските, најдолго во следните три трансферни периоди. Казната важи и на национално ниво. Штом долгот се подмири, казната автоматски ќе се укине.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови