Connect with us

Ова не е нормално: Ал-Хилал нуди една милијарда евра за да го има Мбапе само една година

Саудискиот клуб Ал-Хилал упатил спектакуларна понуда од 300 милиони евра до Пари Сен Жермен за суперѕвездата Килијан Мбапе. Според „Л’Екип“, францускиот шампион ќе ја прифати примамливата понуда.


Доколку навистина се оствари таков трансфер, тој ќе стане најскапиот во историјата на фудбалот. Како што е познато, рекордот во моментов го држи Нејмар, кој во 2017 година беше купен токму од ПСЖ, кој за него плати 222 милиони евра на Барселона. Мбапе моментално е вториот најскап фудбалер на сите времиња, откако парижаните во истото лето го доведоа од Монако за 180 милиони евра кои ги платија една година подоцна.


Ал-Хилал сѐ уште не започнал преговори со Мбапе. Станува збор за договор за само една година со космичка плата од 700 милиони евра. Доколку францускиот интернационалец прифати, следното лето лесно ќе може да го реализира трансферот од соништата во Реал Мадрид.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови