Connect with us

Орсолини го урна Интер во 93.минута и сега има „луда трка“ за титулата во Серија А (ВИДЕО)

Болоња го победи Интер со 1-0 на „Ренато Дал’Ара“ и ја направи неверојатно интересна трката за титулата во Серија А. Сега Интер и Наполи имаат по 71 бод на четири кола до крајот на шампионатот.

Рикардо Орсолини е херојот на Болоња. Тој успеа да постигне победнички гол со ножички во 93.минута од дуелот и донесе огромно славје на стадионот.

Со овој триумф Болоња се искачи на четвртата позиција на табелата во Серија А, во зоната за пласман во ЛШ, со еден бод предност пред Јувентус, кој утре игра против Парма.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови