Connect with us

Оршиќ ќе паузира девет месеци, оди на операција

Мислав Оршиќ ги скина предните вкрстени лигаменти на коленото и ќе паузира седум до девет месеци. Хрватскиот офанзивец тешко се повреди на вчерашниот тренинг на Трабзонспор во Крањ. Оршиќ падна по еден дуел со соиграчот Хакан Јесил и почна да липа од болка.


Оршиќ затоа сигурно ќе го пропушти првиот дел од сезоната, а би можел да се врати дури пред крајот. Турските медиуми пишуваат дека оваа повреда значително го деморализирала тимот на Ненад Бјелица пред почетокот на новата сезона.


Оршиќ летово стана играч на Трабзонспор по лошата полугодишна епизода во Саутемптон. Така тој повторно се спои со Ненад Бјелица, тренерот кој го доведе во Динамо и му ја оживеа кариерата.
Главниот лекар на Трабзонспор, Ахмет Бесир, изјави:


„Прегледот и магнетната резонанца на нашиот играч Мислав Оршиќ, кој беше повреден на вчерашниот тренинг на нашиот тим, откри кинење на предните вкрстени лигаменти и повреда на внатрешните странични лигаменти во пределот на десното колено. Нашиот лекарски тим ќе закаже операција што е можно поскоро.“

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови