Германскиот првак Баерн Минхен има лоша серија во Бундес-лигата, не знае за победа веќе четири натпревари, а изминатиов викенд доживеа шокантен пораз од Аугсбург. Ова сериозно ја загрози позицијата на тренерот Џулијан Нагелсман.
Сепак, Оливер Кан потврди дека засега клубот не ја разгледува опцијата за отказ за Нагелсман.
„Не разгледуваме други опции за тренер во овој момент. Целосно сме посветени на работата со Џулијан Нагелсман. Мора да се вратиме на победничките патеки. Но, сите заедно треба да работиме на тоа“, изјави Оливер Кан.
Advertisement
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski
Advertisement
Advertisement