Connect with us

Олимпијакос се раздели со Хамес Родригез

Грчкиот гигант Олимпијакос го раскина договорот со Хамес Родригез. Колумбиецот дојде во Атина како слободен играч во септември, но не успеа да го потврди своето големо име.


Олимпијакос затоа одлучи да ја прекине соработката. Клубот преку официјално соопштение му се заблагодари за соработката, истакнувајќи дека му посакуваат се најдобро во кариерата.


Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, во првенството на Грција постигна пет гола и забележа шест асистенции во дресот на Олимпијакос.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови