На иницијатива на Фудбалската Федерација на Македонија на 09.12.2022 година во Хотел Хилтон во Скопје беше одржан координативен состанок за клупско лиценцирање, на кој, покрај домашните претставници беа поканети и одговорните за клупско лиценцирање од Фудбалските Сојузи на Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.
Тема на состанокот беше изготвувањето на новиот правилник за лиценцирање, како и новите дигитални процеси поврзани со лиценцирањето. Во тек е подготовката на нова дигитална платформа за процесот на лиценцирање која се планира да се воведе во текот на следната година.
Во периодот 2-3. февруари 2023 година, ФФМ ќе биде домаќин на УЕФА работилница за клупско лиценцирање на која ќе учествуваат една третина од сојузите членки на УЕФА.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski