Connect with us

Њукасл нуди 80 милиони евра за Рафиња

На адреса на Барселона пристигна понуда од Њукасл за крилниот напаѓач Рафиња.
Еден ден откако Пари Сен Жермен го суспендираше Лионел Меси и информацијата дека Аргентинецот ја заврши епизодата во „градот на светлината“, Барселона доби понуда за Рафиња која може да достигне до 80 милиони евра.


Њукасл е сериозно заинтересиран за крилниот играч на Барселона и сака да го врати во Премиер – лигата.

Жоан Лапорта ќе се обиде да извлече што повеќе пари од Рафиња, но тој веројатно и нема да биде единствениот кој ќе го напушти клубот. Од „Камп Ноу“ најверојатно ќе заминат и Френк Кеси, Феран Торес, Ансу Фати…

Со приходите од нив, Лионел Меси треба многу полесно да се врати во Барселона.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови