
Фудбалерот на Ливерпул, Рајан Гравенберх, се здоби со повреда. Ова беше објавено во официјално соопштение на репрезентацијата на Холандија на социјалните мрежи, каде што беше потврдено дека фудбалерот го напуштил кампот на националниот тим.
Се тврди дека Гравенберх се повредил во финалето на Карабао купот против Њукасл, кое Ливерпул го загуби со 1-2. Сè уште не е познато колку долго ќе отсуствува од терените, но оваа вест дефинитивно е лоша за Арне Слот и неговиот тим, особено затоа што следи завршницата на сезоната, во која Ливерпул ќе се бори за својата 20-та титула во Премиер лигата.
Гравенберх е еден од најконстантните играчи за Црвените оваа сезона и сите во клубот со нетрпение ќе очекуваат новости во врска со неговата здравствена состојба.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг „украде“ бод од Кратово, а Шкендија, Струга ТЛ и Работнички...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Горазд Михаилов (Беса)
Беса го направи најголемото изненадување во 23.коло од Првата фудбалска лига. Не е лесно...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Бетис сака да го задржи Ентони и следната сезона
