Connect with us

Нов македонски суперталент: Филип Тодороски од Победа оди на тестови во Бешикташ

Нов фудбалски „бисер“ се појави во Прилеп и наредните денови ќе замине на проба во турскиот гигант Бешикташ. Младиот фудбалер за врска на Победа, Филип Тодороски, ќе замине на тестови во Турција и доколку задоволи би можел да потпише договор со Бешикташ.

Тој оваа сезона е „унапреден“ во сениорскиот тим на Победа, игра како централен играч за врска и синоќа беше еден од најдобрите на пријателскиот натпревар меѓу Работнички и Победа.

Тренерот Бобан Бабунски откако го презеде кормилото на Победа веднаш ги увидел квалитетите на Тодороски, кој досега играл во младинскиот тим на прилепскиот прволигаш.

„Ќе оди на проба во Бешикташ. Веднаш откако дојдов, на првите тренинзи, забележав за каков талент се работи. Пред него е голема иднина“, изјави Бабунски за „Макфудбал“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови