Connect with us

Нкунку се враќа во тимот на Лајпциг по повредата на коленото

Најдобриот стрелец на Лајпциг, Кристофер Нкунку, ќе се врати во составот за гостувањето кај Волфсбург во Бундес-лигата, откако се опорави од повредата на коленото.


„Кристо е играч кој може да ја направи разликата, што ќе ни помогне викендов и се надеваме во Лигата на шампионите во среда. Одлично е што тој повторно е опција за нас бидејќи нема многу талентирани играчи како него во европскиот фудбал“, изјави тренерот Марко Росе на прес-конференција.

Сепак, тој нагласи дека на напаѓачот ќе му треба малку време за да се врати во максимална подготвеност.

„За мене е важно да не очекуваме премногу од него на почетокот“, рече Росе за Нкунку, кој оваа сезона постигна 12 гола во Бундес-лигата, само еден помалку од најдобриот стрелец во лигата Никлас Фулкруг од Вердер Бремен.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови