
Уругвајскиот напаѓач Луис Суарез и во новата сезона ќе остане во бразилскиот Гремио, изјави тренерот на тимот Ренато Порталупи. Интерес за Суарез има од Интер Мајами, кој сака да го доведе во тимот заедно со неговиот поранешен соиграч од Барселона, Лионел Меси.
„Ќе остане со нас до декември“, увери тренерот, познат и како Ренато Гаучо. Тој оваа изјава ја даде пред првото полуфинале од Купот на Бразил против Фламенго кое неговиот тим го загуби со 2-0.
Иднината на Луис Суарез беше доведена во прашање во последните недели, иако тој има договор со Гремио до декември 2024 година.
Интер Мајами неодамна потпиша со Меси и уште двајца играчи од Барселона, Серхио Бускетс и Жорди Алба. Сепак, Гремио е против трансфер на Уругваецот во САД, доколку Интер Мајами не ја плати отштетната клаузула на напаѓачот, која изнесува 70 милиони евра.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Мектоминеј и Де Бруин донесоа триумф за Наполи

Евро-фудбал
Арсенал го промовираше Еберечи Езе

Евро-фудбал
Чаби Алонсо: Немам проблеми со Родриго

Евро-фудбал
Нов минималец, но и нов триумф на ПСЖ (ВИДЕО)
