Connect with us

Нејмар на лето прави трансфер во Челси?

Сопственикот на англискиот премиерлигаш Челси, Тод Боели, разговарал со челниците на Пари Сен Жермен за евентуалниот трансфер на Нејмар во лондонскиот клуб, објавија денеска медиумите на Островот.
Претходно медиумите објавија дека ПСЖ се подготвува за заминување на Лионел Меси и Нејмар, поради лошите односи во соблекувалната.

Нејмар наводно се судрил со соиграчите пред жестоката расправија со спортскиот директор на клубот, Луис Кампос, по поразот од Монако со 3-1 во францускиот шампионат.

Бразилскиот напаѓач е член на ПСЖ од 2017 година каде се пресели од Барселона за рекорден трансфер од 222 милиони евра.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови