Connect with us

Нејмар ги скинал лигаментите на коленото и ќе паузира до крајот на сезоната

Бразилскиот ас Нејмар има сериозна повреда и ќе паузира до крајот на сезоната. Деталните лекарски прегледи покажаа дека има скинати лигаменти и менискус на левото колено.


Репрезентативецот на Бразил на носилки го напушти натпреварот против Уругвај.

„Напаѓачот ќе биде подложен на хируршка процедура, на датум кој допрва треба да се одреди, за да се санираат повредите. Медицинскиот оддел на бразилската репрезентација под надзор на д-р Родриго Ласмар и Ал Хилал се во постојан контакт и се усогласени во закрепнувањето на спортистот“, соопшти Фудбалската Конфедерација на Бразил.

Копа Америка можеби ќе биде достална за Нејмар, со оглед дека стартот е закажан за 14. јуни 2024 година. Дефинитивно е јасно дека ќе паузира околу осум месеци.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови