Италијанскиот калчолигаш Јувентус одлучи да не го продолжува договорот со напаѓачот Пауло Дибала. Ако и постоеја дилеми, сега сите се разрешени по недисциплината што ја појави аргентинскиот напаѓач откако ги прекрши строгите ковид-протоколи и присуствуваше на забава кај клупскиот соиграч Вестон Мекени.
Медиумите на Апенините пишуваат дека „старата дама“ го повлекла предлогот за продолжување на соработката. Фудбалер сакаше да остане во Јувентус, но под услов да заработува 10 милиони евра годишно што и претходно беше неприфатливо за раководството на клубот. По ова, тој ќе биде ставен на трансфер – листа во летниот преоден рок.
27-годишниот Аргентинец настапува за Јувентус од 2015 година, а дојде од Палермо. Неговиот договор има важност до јуни 2022 година.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski