Connect with us

Наумовски: Имаме убава предност, но има и уште 90 минути од двомечот со Линколн

Македонскиот првак Шкупи има голема предност (3-0) против Линколн, претставникот на Гибралтар, по првиот дуел од воведното коло во квалификациите за Лигата на шампионите. Тимот од Чаир сега го очекува гостување на Гибралтар, а капитенот Кристијан Наумовски повикува на внимателност.


„Имаме убава предност по првиот натпревар. Сепак, далеку од тоа дека работата е завршена, не очекуваат уште 90 минути од двомечот против Линколн. Ќе играме на вештачка трева, тоа можеби ќе бидат малку поинакви услови, но подготвени сме за предизвикот“ – изјави Кристијан Наумовски.

Реваншот меѓу Линколн и Шкупи ќе се одигра во вторник, со почеток во 18 часот на Гибралтар.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови