Connect with us

Наби Кеита се врати во Германија и потпиша за Вердер

Поранешниот играч на Ливерпул, Наби Кеита, е нов играч на Вердер Бремен, соопшти германскиот клуб.


„Вердер е посебен клуб и го познавам „Везерштадион“ бидејќи таму играв со Лајпциг. Мене ми одговара клубот и филозофијата на тимот, тоа е вистинскиот избор за мене“, изјави 28-годишниот фудбалер.


Фудбалерот од Гвинеја играше за Ливерпул од 2018 година и меѓудругото ги освои Лигата на шампионите и Премиер – лигата со англискиот клуб.


Во текот на петгодишниот период, играчот од средниот ред одигра 129 натпревари за Ливерпул. Претходно настапуваше за Салцбург и за Лајпциг, а за германскиот тим на 71 натпревар постигна 17 голови и 15 асистенции.


Вердер ја заврши сезоната во Бундес – лигата на 13. место.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови