Tренерот на Шалке, Димитриос Грамозис, е разочаран од придонесот на Шкодран Мустафи и поради тоа, дефанзивецот може да не заигра повторно оваа сезона, открива германскиот весник „Билд”. Минатиот викенд Мустафи беше изоставен од составот поради техничка одлука, што доведе до безброј шпекулации за неговата иднина.
Шалке се наоѓа на дното од Бундес – лигата и е речиси сигурно дека ќе испадне од лигата. Со оглед на тоа дека Мустафи има договор со клубот од Гелзенкирхен до летово, многу е веројатно дека тој веќе го одиграл својот последен натпревар во Германија и ќе мора да си бара нов ангажман со почетокот на трансфер периодот.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski