Connect with us

Мурињо доби суспензија од два меча и 10.000 евра казна

Жозе Мурињо е казнет со суспензија од два натпревари и парична казна од 10.000 евра поради црвениот картон против Кремонезе минатиот викенд. Кремонезе победи со 2-1 и дојде до првата победа во првенството, откако Мурињо доби црвен картон на почетокот на вториот дел.


Португалецот дивееше на четвртиот судија Марко Сера по дуелот помеѓу Мараш Кумбула и Франк Цаџу.

„Не сум луд, ако така реагирав, тоа значи дека нешто се случило. Ќе прашам дали нешто може да се направи по законски пат. За првпат во кариерата четвртиот судија ми зборуваше на неприфатлив начин. Тој рече работи кои ја предизвикаа мојата реакција“, изјави Мурињо по натпреварот по кој италијанската федерација отвори истрага и на крајот го казни.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови