Connect with us

Мората од следната сезона во Рома?

Алваро Мората ќе дојде во Серија А на крајот од сезоната, но дестинацијата сега нема да биде Торино.


Како што пренесуваат италијанските медиуми, Мората на повик на неговиот голем пријател Пауло Дибала ќе ја засили Рома.

Доколку си замине Тами Ејбрахам, а шансите се огромни, Мората и Дибала следната сезона треба да го сочинуваат напаѓачкиот тандем на „волчицата“.

Тие двајца се спријателија додека го носеа дресот на Јувентус.

Алваро Мората сезонава одигра 38 натпревари и постигна 12 гола во дресот на Атлетико Мадрид.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови