Алваро Мората жали што го напуштил Атлетико Мадрид и се преселил во Милан минатото лето, откривајќи дека лични проблеми го натерале да донесе погрешна одлука. Шпанскиот напаѓач објасни дека постојаните телефонски повици од тогашниот тренер на „росонерите“, Пауло Фонсека, го натерале да се почувствува ценет, што на крајот го убедило да се врати во Серија А.
Мората постигна само пет гола на 16 натпревари во лигата, пред да се раздели со Милан по шест месеци. Доаѓањето на Серџо Консеисао на крајот на декември одигра клучна улога во неговото заминување. Во јануари тој се приклучи на Галатасарај на позајмица во договор што му помогна на Милан да го финансира трансферот на Сантијаго Хименез од Феенорд.
„Фонсека ме викаше секој ден. Никогаш не требаше да го напуштам Атлетико, но не се чувствував добро, а кога не се чувствуваш добро, носиш погрешни одлуки во секој аспект од животот“, изјави Мората во интервју за „Кадена Сер“.
„Ми требаше да се чувствувам сакан и ценет. Мораше брзо да донесам одлука и не сфатив дека Диего Симеоне (тренерот на Атлетико – н.з.) исто така се грижи за мене и ме цени. Татко ми и мојот агент ми рекоа дека правам грешка, но не ги послушав. Кога поминуваш низ тешки моменти, сè изгледа сиво, дури и ако луѓето околу тебе ти велат дека не е така. Ако можев да се вратам назад, никогаш немаше да го напуштам Атлетико, но не можеш да го промениш минатото и сега сум многу среќен“, додаде Мората.
Договорот за позајмица на Мората со турскиот гигант трае до јануари 2026 година и вклучува опција за откуп за 8 милиони евра.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул го купува Бастони за 100 милиони евра
Евро-фудбал
Роналдо: Ќе се пензионирам за година или две
Млади репрезентации
Трајков: Имаме потенцијал и верувам дека ќе освоиме нови бодови
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Конте: Не сакам да водам „мртов тим“
Евро-фудбал
Атлетико Мадрид има нови сопственици













