Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година денеска има нов предизвик во квалификациите за ЕП. На гостински терен во Црна Гора, селекцијата на Горан Станиќ го игра четвртиот натпревар во овој квалификациски циклус, со почеток во 18 часот.
Нашите фудбалски надежи во овој дуел влегуваат по домашниот триумф над Ерменија од 2-1, а капитенот Матеј Ангелов верува дека селекцијата може да забележи уште еден позитивен резултат.
„Од поразите против Полска и Италија извлековме многу поуки. Ги видовме нашите грешки и напредокот е евидентен. Домашниот дуел против Ерменија, добро ни дојде. Освоивме три бода, сакаме да продолжиме во таа насока. Црна Гора е доволно анализирана, знаеме што може овој противник, но и кои му се слаби страни. Нема што премногу да се осврнуваме на противникот, треба да ја дигнеме нашата игра на што е можно повисоко ниво, и да постигнеме уште еден добар резултат“, истакна Матеј Ангелов.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими го направи изненадувањето на колото со убедливиот триумф од 3-0 против Шкендија. Иако...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Вилдан Салиу
Арсими е изненадувањето на 14.коло во Првата лига. Одигра блескав натпревар против шампионот Шкендија,...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Лаутаро Мартинез донесе победа за Интер (ВИДЕО)
Прва лига
Струга ТЛ го декласира Башкими
Евро-фудбал
Минамино го тресна ПСЖ (ВИДЕО)













