Фудбалерите на Ливерпул ја прекинаа низата од три последовни порази во сите натпреварувања и конечно се вратија со победа, совладувајќи го Вест Хем во Лондон со 0-2 во рамки на 13. коло од Премиер – лигата.
Актуелниот шампион славеше благодарение на головите на Александар Исак и Коди Гакпо. Швеѓанецот, кој е најскапиот играч во историјата на Ливерпул, го постигна својот прв премиерлигашки погодок за „црвените“, додека Гакпо во судиското продолжение го потврди триумфот.
Арне Слот реши да го остави Мохамед Салах на клупа, со цел да внесе промени во тимската динамика – потег што му се исплатеше. Ливерпул одигра стабилен натпревар и заслужено победи.
Исак уште во 21. минута можеше да го отвори резултатот, но голманот на Вест Хем, Ареола, одлично интервенираше. До крајот на првиот дел гостинот се закани и преку Вирц, но резултатот остана 0-0.
Клучниот момент се случи во 60. минута, кога Гакпо испрати прецизно додавање до Исак во шеснаесетникот, а Швеѓанецот со одмерен удар ја погоди мрежата на домаќините.
Вест Хем финишираше нервозно – Лукас Пакета за само половина минута доби два жолти картони поради приговори и го остави својот тим со играч помалку. Сепак, домаќините беа многу блиску до израмнување кога Боувен силно шутираше во финишот, но топката заврши покрај голот.
Сè беше решено во судиското надополнување, кога Гакпо погоди за конечни 0-2.
Со оваа победа Ливерпул стигна до 21 бод и се искачи на осмата позиција, додека Вест Хем со 11 бодови останува на 17. место.
Астон Вила со голот на Бубакар Камара ја победи Вулверхемптон со 1-0, додека Брајтон славеше на гостувањето кај Нотингем Форест со 0-2, со погодоци на Максим де Кујпер и Стефанос Цимас. Српскиот репрезентативец Никола Миленковиќ ги одигра сите 90 минути за Нотингем Форест.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Донарума е избран за најдобар светски голман













