Струга Трим Лум има четири победи во низа и сака да ја продолжи и на денешниот дуел против Башкими.
Во Струга гостува тимот на Башкими кој неколкупати покажа дека може да биде мошне непријатен и на гостувањата, а тимот на Бледи Шкемби не сака да си дозволи нов кикс како оној против Брера на домашен терен.
Дефанзивецот Жержу Маудо добро се вклопи во составот по доаѓањето од Сандерфјорд и најавува дека Струга Трим Лум ги посакува трите бода.
„Ова нема да биде лесен натпревар. Секоја средба до крајот на сезоната е исклучително важна за нас како екипа. Подготвени сме и како и на секој натпревар ќе се бориме за трите бода. Нашите навивачи се среќни само кога победуваме“, изјави Маудо.
По 14 одиграни кола, Струга Трим Лум има 11 победи, две ремија и само еден пораз, и се наоѓа на второто место на табелата.
Натпреварот меѓу Струга Трим Лум и Башкими почнува од 12.30 часот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го доби дербито со Вардар и заедно со лидерот Шкендија ја...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Марјан Радески (Струга Трим Лум)
Струга Трим Лум го доби дербито со Вардар (0-1) во Скопје и ја продолжува...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Фермин Лопез го замолна Мадрид (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Јуве се спаси од пораз во Фиренца (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Почина легендарниот „бомбардер“ Џевад Прекази
Евро-фудбал
Интер ги „скрати крилјата“ на Комо (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Ливерпул се разбуди, а Челси загуби (ВИДЕО)













