Во дербито на 13. коло од Серија А, Наполи запиша уште една значајна победа, втора по ред во првенството, совладувајќи ја Рома на „Олимпико“ со минимални 0-1. Со овој успех тимот од Неапол ја направи битката на врвот уште поинтересна – Милан и Наполи имаат по 28 бодови, а Рома и Интер се веднаш зад нив со еден бод помалку, што најавува жестока трка за лидерската позиција.
Гостите започнаа поорганизирано и во првите половина час создадоа неколку убави прилики. Првата вистинска шанса беше во 18. минута, кога Давид Нерес се најде во одлична ситуација, но Свилар ја прочита акцијата и го спречи водството на Наполи. Малку подоцна Ланг беше во нова шанса, но голманот на Рома повторно блесна.
Наполи ја преточи својата иницијатива во водство во 36. минута. По брза контра, Нерес влета во празниот простор, ја помина одбраната на Рома и во дуел еден на еден рутински го совлада Свилар за 0-1. Акцијата беше пример за индивидуална класа, но и за ефикасноста на гостите во вистински моменти.
Рома во вториот дел се обиде да воспостави контрола, но Наполи продолжи да биде опасен. Во 76. минута Политано го натера Свилар да интервенира, а на другата страна Пелегрини упати удар над голот. Најголемата можност за израмнување ја имаше Балданци, кому Дибала мајсторски му ја пушти топката во срцето на шеснаесетникот, но Милинковиќ-Савиќ со навремена реакција го спречи сигурниот гол и се претвори во херој на Наполи.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Арачиново е хит на досегашниот тек од првенството, а нанижа уште една победа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Диего Контрерас (Арсими)
Шкендија имаше идеален старт на сезоната, но се чини дека и лидерот влезе во...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Роналдо и Ал-Наср посрамени во Абу Даби (ВИДЕО)
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Евро-фудбал
Интер без Чалханоглу на дербито со Рома?
Евро-фудбал
Ајакс доби засилување од Премиер – лигата
Евро-фудбал
Бетис на гости го победи Вилјареал (ВИДЕО)













