ФИФА продолжува да воведува новини со цел да се зголеми ефективното време на игра и да се спречат ситуации во кои фудбалерите глумат повреди за да ги измамат судиите. Играчите кои симулираат ќе мора задолжително да го напуштат теренот на две минути, но постојат и одредени исклучоци од ова правило, кое првично ќе се тестира на Арапскиот куп во Катар што стартува на 1 декември.
Главната цел на ФИФА е да се елиминира одолговлекувањето на играта предизвикано од лажни повреди. Светската фудбалска организација сака побрзо и повозбудливо темпо на игра, при што непотребните прекини нема да бидат толерирани.
„Долгите продолженија на последниот Мундијал беа само привремено решение и не го отстранија проблемот“, објасни претседателот на судиската комисија на ФИФА, Пиерлуиџи Колина, презентирајќи го новото правило кое треба да стави крај на глумата на теренот.
Како што пишува „Кориере дело Спорт“, од следниот Арапски куп натаму, играчите кои симулираат ќе ги сносат последиците.
Новото правило е во тест-фаза и ќе стапи во сила на турнирот што почнува на 18 декември. Пропишано е дека секојпат кога медицинскиот тим ќе влезе на терен за да укаже помош, фудбалерот мора да остане надвор од игра две минути пред да се врати.
Ова е првпат во историјата да се мери времето од моментот кога тимот останува со играч помалку, па сè до неговото враќање на терен. Целта е да се намалат лажните повреди и несоодветното однесување кои стануваат сè почести.
„ИФАБ и ФИФА работат на експерименти што треба да го направат фудбалот попривлечен и подинамичен за публиката и сите вклучени“, изјави Колина.
Тој потсети дека по промената на правилото за голманитe, кои од 1 јули не смеат да ја држат топката подолго од осум секунди, во спротивно противничкиот тим добива корнер, речиси никој голман не се обидел да злоупотреби време.
„Играчите разбраа дека правилата се почитуваат, што донесе јасни придобивки. Сакаме да продолжиме и со новиот експеримент: доколку играчот прима медицинска помош на терен, по рестартирањето на играта мора да остане две минути надвор“, нагласи Колина.
Постојат две исклучоци: правилото нема да важи ако е повреден голманот (бидејќи без него не може да се продолжи играта), или доколку судијата додели жолт или црвен картон на играчот кој го направил прекршокот што ја прекинал играта.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Нејмар ќе потпише нов договор со Сантос
Евро-фудбал
Левандовски од лето се сели во МЛС – лигата?
Евро-фудбал
Чави ќе го замени Мареска на клупата на Челси?
Млади репрезентации
Македонија У15 со минимален пораз од Турција на возвратниот натпревар













