Манчестер Јунајтед се врати на победничките патеки во Премиер – лигата, совладувајќи го Кристал Палас со 1-2 на гостински терен во 13. коло.
Тимот на Рубен Аморим на крајот заслужено дојде до трите бода, иако на паузата имаше негатива. Кристал Палас дојде до водство во 36. минута, кога Жан-Филип Матета беше сигурен од белата точка.
Пеналот беше досуден поради прекршокот на Лени Јоро врз Матета. Французинот прво го реализираше ударот, но бидејќи топката ја удри двапати пред да влезе во гол, според новите правила пеналот мораше да се повтори. Во вториот обид Матета повторно беше прецизен.
Во вториот дел „црвените ѓаволи“ целосно го презедоа темпото и направија целосен пресврт. Џошуа Зиркзе во 54. минута израмни на 1-1, а само девет минути подоцна Мејсон Маунт погоди за 1-2, што воедно беше и конечниот резултат.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Интернационалци
Уште една неуспешна тренерска епизода за Игор Ангеловски
Евро-фудбал
Сасуоло го изненади Милан на „Сан Сиро“ (ВИДЕО)
Интернационалци
Уште една неуспешна тренерска епизода за Игор Ангеловски
Млади репрезентации
Македонија У15 ја победи Турција













