Барселона го победи Алавес со 3-1 во 14. коло на Ла Лига и се искачи на врвот на табелата. Победата дојде на роденденот на клубот, што им даде дополнителна причина за радост на домашните навивачи.
Алавес поведе уште во првата минута преку Пабло Ибанез. Сепак, Барса брзо одговори – Ламин Јамал израмни на 1-1 само седум минути подоцна. Потоа Дани Олмо се разигра и со два погодоци ја донесе победата на својот тим: првиот во 26. минута за водство, а вториот во третата минута од судиското продолжение за конечни 3-1.
Каталонците сега имаат 34 бода, два повеќе од Реал Мадрид, кој утре гостува кај Џирона.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













