Реал Мадрид трет натпревар по ред приредува разочарување за своите навивачи. Иако важеше за голем фаворит на гостувањето кај Џирона, „кралскиот клуб“ се сопна во Каталонија, одигра само 1-1 и го препушти првото место на табелата.
Нов лидер е Барселона, која максимално ги искористи трите последователни ремија на екипата на Чаби Алонсо. Пред дуелот со Џирона, Реал Мадрид одигра нерешено со Рајо Ваљекано и Елче – мечеви во кои тимот не делуваше убедливо, а против Елче дури не заслужи ниту еден бод. Проблемите во одбраната стануваат сè поочигледни, а тоа беше потврдено и во Лигата на шампионите, каде на гостувањето кај Олимпијакос примија три гола.
На мечот со Џирона, Мбапе во првиот дел постигна гол кој беше поништен поради игра со рака, по што домаќините казнија преку Оунахи и поведоа со 1-0. Во второто полувреме, во 67. минута, Реал доби пенал, а Мбапе реализираше за 1-1, резултат кој остана непроменет до крајот. Мадриѓани повторно беа далеку од своето препознатливо интензивно темпо и имаа сериозни потешкотии во организирањето на играта.
Во следното коло, Реал Мадрид ќе има тешко гостување кај Атлетик Билбао.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Левандовски од лето се сели во МЛС – лигата?
Евро-фудбал
Чави ќе го замени Мареска на клупата на Челси?
Млади репрезентации
Македонија У15 со минимален пораз од Турција на возвратниот натпревар













