Македонскиот интернационалец Давид Тошевски продолжува со одличните настапи во Белгија и повторно беше стрелец за својот тим Дендер, кој се обидува да побегне од опасната зона во најсилното белгиско првенство.
Тошевски ја затресе мрежата против Вестерло во 40.минута за водство од 1-0. На крајот неговиот тим на домашен терен одигра 2-2.
Во 40. минута, Македонецот доби топка во шеснаесетникот, ја искористи празнината во гостинската одбрана и со прецизен удар ја смести топката во долниот десен агол.
Ова е третиот гол за Тошевски во белгиската Јупилер Про Лига. Тој досега има пет настапи во првенството и еден во Купот на Белгија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













