Тиквеш убедливо ја победи Брера со 0-4 на гостувањето во Струмица. Мартин Стојанов беше двоен стрелец, а погодија и Иван Ивановски и Благој Стојчев. Тимот на Борче Христов одигра одличен меч.
Пелистер и Македонија ЃП ремизираа 1-1. Христијан Пецов донесе водство во 17.минута благодарејќи и на лошата интервенција на Јовчевски. Во второто полувреме Пелистер израмни со голот на Лука Булатовиќ.
Во самата завршница на мечот во Битола имаше работа и за ВАР. Главниот судија Фатмир Бафто првично досуди пенал за домашниот тим по стартот врз Стојановски, но по подолга анализа во ВАР-собата беше повикан да ја прегледа ситуацијата. По ова, ја промени одлуката, го поништи пеналот и досуди топка за гостите.
ВАР повторно интервенираше во 91. минута, кога Еступињан успеа да постигне гол, но погодокот не беше признат поради офсајд ситуација.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Реал Мадрид повторно се заинтересира за Родри?
Евро-фудбал
Јувентус го доведе Зеки Челик од Рома













